10-те најгледани серии на Нетфликс за 2024-та досега

American Nightmare

American Nightmare е документарна серија која се фокусира на вистински грозоморен случај.

Во 2015 година, девојка од Калифорнија била киднапирана од нејзиниот дом.

И, полицијата почнува да се сомнева дека киднапирањето е всушност исценирано од неа и нејзиниот дечко.

3 Body Problem

Научно-фантастична серија која ѝ дава нова перспектива на идејата за стапување во контакт со вонземјани.

По неколку мистериозни самоубиства и други бизарни настани, група научници пробуваат да решат мистерија поврзана со вонземјани кои се на пат кон Земјата.

Berlin

Ако ја гледавте Money Heist, тогаш би требало да ви се допадне и Berlin.

Дејството на Berlin е сместено пред настаните во Money Heist и се фокусира на минатото на Берлин, односно неговиот обид за амбициозен грабеж во Париз.

One Day

One Day е романтична драма, снимена според истоимената книга на Дејвид Николс.

Главните ликови се Ема и Декстер кои се запознаваат на нивната дипломска забава на Универзитетот во Единбург.

Но, иако си се допаѓаат, веќе следниот ден патиштата им се разделуваат.

The Asunta Case

The Asunta Case е шпанска мини-серија со интересен заплет.

Главните ликови се Росарио и Алфонсо, пар чија посвоена ќерка исчезнува.

Но, откако пријавуваат во полиција, доказите почнуваат да покажуваат дека можеби тие се вмешани во случајот.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg