10-те најгледани серии на Нетфликс за 2024-та досега

Историската драма Bridgerton, но и забавната научно-фантастична серија 3 Body Problem – што најмногу им се допадна на корисниците на Нетфликс во првата половина од годинава?

10-te-najgledani-serii-na-netfliks-za-2024-ta-dosega-01.jpg

Неодамна Нетфликс откри кои се најгледаните серии на нивната платформа за првата половина од 2024 година.

Во продолжение, погледнете кои се првите десет, почнувајќи од најгледаната:

Fool Me Once

Главниот лик е Маја, чиј сопруг е брутално убиен.

Таа има и мала ќерка, а кога инсталира камера во нејзиниот дом за да може да внимава на неа, на камерата го здогледува и нејзиниот сопруг.

Bridgerton

Сите три сезони од популарната британска драма се меѓу најгледаните за 2024-та.

Дејството е сместено во Регентскиот период на Англија и се фокусира на осум членови на моќното семејство Бриџертон кои пробуваат да најдат љубов.

Baby Reindeer

Снимена според вистинска приказна, Baby Reindeer е на моменти и вознемирувачка мини-серија.

Главниот лик е Дони, млад маж кој пробува да се пробие како стенд-ап комичар.

Но, му се случува целосен пресврт во животот кога повозрасна жена станува опседната со него и почнува да го демне.

The Gentlemen

The Gentlemen е драма, со примеси на комедија, чие дејство се фокусира на аристократот Еди.

Откако го наследува семејниот имот, тој открива дека од местото се води цела империја за продажба на марихуана.

Avatar the Last Airbender

Снимена според истоимената цртана серија, Avatar е забавна авантура.

Главниот лик е Енг, младо момче кое може да ги манипулира четирите елементи – вода, воздух, оган и земја – и треба да го спаси светот од злобен лидер.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 мини-серии на Нетфликс што се гледаат во еден викенд Љубителите на хорор треба да ја изгледаат The Fall of the House of Usher, додека...
Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 мрачни трилери кои нема да ви дадат мир до самиот крај Drive со Рајан Гослинг и Prisoners со Хју Џекмен и Џејк Џиленхол се одлични и на...
Тврдат дека татко им ги силувал како момчиња, па затоа го убиле – Кои се браќата Менендез за кои Нет...  „Ме тераше да го масирам и орално да го задоволувам“ – тврдеше Ерик Мененд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg