Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најпопуларните филмови од 2024-та досега, што ги освоија симпатиите на публиката

Twisters

Главните ликови се „ловци на бури“, односно луѓе кои следат торнада и слични временски непогоди за да ги снимаат.

Но, на една ваква авантура, многу работи тргнуваат на погрешно.

Deadpool & Wolverine

Кратко по премиерата, Deadpool & Wolverine стана можеби најпопуларниот филм со суперхерои на сите времиња, а многумина го опишуваат како „љубовно писмо на Марвел до фановите“.

Откако сфаќа дека на неговиот свет му се заканува уништување, Дедпул тргнува во потрага по Вулверин со надеж дека ќе го спаси светот и конечно ќе направи нешто значајно во својот живот.

Godzilla x Kong: The New Empire

Во најновиот филм за можеби најпознатите филмски чудовишта, Кинг Конг сретнува други единки од неговиот вид.

За да ги спречи во намерата да го уништат човештвото, треба да побара помош од Годзила.

Inside Out 2

И, уште едно продолжение на листата.

Во вториот дел од Inside Out, главниот лик – Рајли – веќе е средношколка, а со нејзината возраст, почнуваат да се јавуваат и нови, покомплексни емоции.

Challengers

Со Зендеја во главната улога, Challengers се фокусира на љубовниот триаголник помеѓу тенисерски тренер, нејзиниот дечко тенисер и нејзиниот сопруг кој е тениски првак.

Дејството на филмот не е прикажано линеарно и опфаќа неколку години од нивната несекојдневна врска.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Леонардо ди Каприо почнал да глуми на 5 години - Кои се првите улоги на холивудските ѕвезди? Леонардо ди Каприо имал само 5 години кога првпат се појавил на телевизија, Ната...
10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Амнезија, заменети бебиња: „Омилените“ клишеа од сапуниците со кои пораснавме „Кога одеднаш ќе се појави сестра или брат за кои никој не знаел. Уште полошо ак...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
10 филмови номинирани во главната категорија на Оскари 2025 The Substance што ѝ ја донесе првата номинација за Оскар на Деми Мур, како и Wic...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg