10 одлични филмови каде главниот лик е негативец
The Wolf of Wall Street
Снимен според вистинска приказна, The Wolf of Wall Street во режија на Мартин Скорсезе ја раскажува приказната на Џордан Белфорт.
Откако станува брокер, Белфорт наоѓа начин да заработи милиони преку лаги и измами, во меѓувреме соочувајќи се со зависност од дрога.
Lord of War
Николас Кејџ го глуми Јури, дилер на оружје кој за профит ги искористува воените конфликти на САД во други земји и оружјето што го оставаат американските војници зад себе.
Откако прави договор со африкански воен лидер, станува мета на Интерпол и пробува да се заштити.
Natural Born Killers
Главните ликови се Мики и Малори кои се пар, а и двајцата имале тешко детство.
Откако заедно го убиваат таткото на Малори, тргнуваат на пат со автомобил со цел да убијат што е можно повеќе луѓе.
Главните улоги им припаѓаат на Вуди Харелсон и Џулиет Луис.
Payback
Мел Гибсон го глуми Портер, крадец кој по успешен грабеж е оставен речиси мртов од неговите соработници.
Штом закрепнува, тргнува на мисија да ги најде луѓето кои го измамиле, да им се одмазди и да го земе својот дел од парите.
Blow
Со Џони Деп и Пенелопе Круз во главните улоги, Blow e биографска драма снимена според животот на дилер на дрога.
Откако влегува во светот на трговија со дрога, тој почнува и да шверцува, но набрзо ги согледува и последиците од неговата „професија“.
Спирова С. | Црнобело