10 одлични филмови каде главниот лик е негативец
Joker е најпопуларниот филм со негативец во главната улога, додека There Will Be Blood го покажува лошото влијание на желбата за моќ и пари.
Во повеќето филмови, „навиваме“ за главните ликови бидејќи обично се (колку-толку) добри личности.
Сепак, некогаш дејството на филмот се фокусира и на лик кој е негативец.
И, овие филмови се одлични бидејќи ни ги раскажуваат приказните од малку поразлична перспектива.
10 одлични филмови со негативци во главите улоги:
Perfume: The Story of a Murderer
Снимен според истоимената книга од Патрик Зискинд, во фокусот на Perfume е сериски убиец.
Главниот лик е Жан-Батист Гренуиј, млад маж со совршено сетило за мирис.
Откако случајно убива девојка, станува опседнат со нејзиниот мирис и прави сè за да го почувствува уште еднаш.
There Will Be Blood
Со Даниел Деј-Луис во главната улога, филмот ја покажува мрачната страна на желбата за моќ и пари.
Главниот лик е ископувач на нафта чија единствена цел е да стане најмоќниот нафтен тајкун.
За ова, тој е подготвен безмилосно го манипулира и искористува дури и неговиот посвоен син.
Downfall
Downfall е воена драма која го прикажува падот на Хитлер.
Дејството ги опфаќа последните денови од неговиот живот, откако пробува да се спаси од противниците криејќи се во бункер.
Nightcrawler
Со Џејк Џиленхол во главната улога, Nightcrawler е навистина морничав филм.
Џиленхол глуми камерман кој снима сцени од сообраќајки, убиства и слични трагедии и им ги продава на медиумите.
Но, за да ја добие совршената снимка, некогаш е подготвен и да се замеша во местата на злосторството.
Joker
Можеби најпопуларниот филм од изминативе неколку години со негативец во главната улога.
Joker, со Хоакин Феникс во главната улога, се фокусира на почетоците на Џокерот.
Од стенд-ап комичар што го исмејуваат сите, тој се претвора во најсуровиот противник на Бетмен.