10 филмови кои ќе ве расположат (и ќе сакате да ги изгледате уште еднаш)

Yes Man со Џим Кери во главната улога или The Intern каде што главниот лик е старец на кого пензионерските денови му станале здодевни…

10-filmovi-koi-kje-ve-raspolozhat-i-kje-sakate-da-gi-izgledate-ushte-ednash-01.jpg

Ако ви треба нешто што ќе ви го подобри расположението, па можеби дури и ќе ве мотивира, секогаш можете да изгледате некој филм.

Следниве предлози ќе ве насмеат, по малку ќе ве замислат, а можно е и да ви ја променат перспективата за некои работи во животот.

10 филмови кои веднаш ќе ви го подобрат расположението:

The Big Year

Главните ликови се тројца мажи со необично хоби – гледање птици.

Тие се натпреваруваат да забележат што е можно повеќе различни видови птици и секој си има своја лична причина зошто сака да победи.

The Intern

Главниот лик е 70-годишниот Бен кој сфаќа дека пензионерските денови и не се така забавни.

Па, одлучува да стане практикант во онлајн продавница за облека.

Yes Man

Џим Кери го глуми Карл, осамен маж со ниска самодоверба кој налетува на програма за самопомош.

Како дел од програмата, тој вика „да“ на буквално секој предлог од другите и животот му тргнува во сосема друга насока.

The Terminal

Виктор е странец кој слетува на аеродром во САД, но набрзо пасошот му е конфискуван поради војна помеѓу неговата држава и Америка.

Па, тој останува заглавен на аеродромот…

THe Intouchables

Богаташ останува парализиран по несреќа, па најмува маж кој ќе се грижи за него.

На изненадување на сите, тој најмува маж со криминално досие, но по сè изглед дека го направил вистинскиот избор.

Zootopia

Во свет каде што животните коегзистираат и живеат како луѓе, мал зајак станува полицаец во огромниот град Зутопија.

Сакајќи да ги покаже своите способности (и да ги сруши стеротипите за зајаците), се здружува со криминалец (лисица) за да реши случај.

It’s Kind of a Funny story

Главниот лик е млад дечко кој самиот се пријавува во психијатриска установа бидејќи смета дека има депресија.

Но, овде сретнува луѓе со многу потешки лични битки и доживува еден вид духовно будење.

Pitch Perfect

Ако сте расположени за мјузикл, нема да погрешите со Pitch Perfect.

Главниот лик е студентка која станува дел од пејачка група на факултетот.

Неочекувано, групата станува најважниот дел од нејзиниот живот.

The Adam Project

Забавна комедија со научнофантастични елементи.

Адам се враќа во минатото – од 2050 во 2022 година – каде што се сретнува со својата помлада верзија и пробува да открие што се случило со неговата сопруга.

My Cousin Vinny

Били и Стен се обвинети за убиството на сопственик на продавница.

Братучедот на Били – Вини – е адвокат без никакво искуство, но ова не го спречува да се обиде да ги брани.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
10 психолошки трилери за кои ќе размислувате со денови откако ќе ги изгледате Ако сакате приказни за сериски убијци, изгледајте го Zodiac – филм инспириран од...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови од 2024-та кои веројатно сте ги пропуштиле, но вреди да ги изгледате Origin и The Promised Land се мал дел од новите филмови кои можеби не се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg