Со кој романтичен филм да се опуштите викендов, според хороскопскиот знак?
Вага – Notting Hill
Вагите ја ценат романтиката и едноставноста на љубовта.
Волшебната љубовна приказна во филмот, сместена во шармантните делови од Лондон, ќе ги освои Вагите со елеганцијата, романтиката, но и убавите кадри.
Скорпија – Pretty Woman
Скорпиите се познати по нивната емоционална длабочина и страста.
Култниот филм ја истражува љубовта од необична перспектива, а се фокусира и на интимноста и личната трансформација. А, сето ова може да побуди интензивни емоции кај Скорпиите.
Стрелец – The Holiday
Стрелците се оптимисти кои уживаат во авантурите.
Слатката и топла приказна на филмот, заедно со доза авантура и себеоткривањето на ликовите, ќе ја задоволи желбата на Стрелците за патување и слобода.
Јарец – Sleepless in Seattle
Јарците ја сакаат класичната романтика и шармот кој другите го занемаруваат.
Безвременската љубовна приказна на филмот, заедно со интересните ликови и носталгичната атмосфера, дефинитивно ќе ги разбуди емоциите на Јарците.
Водолија – 500 Days of Summer
Водолиите најмногу сакаат уникатно раскажување на приказните, вклучувајќи ги и љубовните.
Тие сакаа ти приказна која ќе ги натера да размислуваат.
Нелинеарното дејство на филмот, заедно со досетливите дијалози и истражувањето на комплексноста на љубовта, се совршена комбинација за Водолиите.
Риби – La La Land
Рибите ја ценат романтиката, но исто така сакаат и да мечтаат.
Музичките секвенци во филмот неретко изгледаат како излезени од филм, додека приказната може да побуди разни чувства кај секого.
Сето ова резонира со бујната имагинација на Рибите и нивната емоционална длабочина.
Спирова С. | Црнобело