10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите
Indiana Jones and the Dial of Destiny
Иако филмот не го доживеа очекуваниот успех, доколку сакате забавна авантура, не треба да го прескокнете.
Во петтото продолжение од култниот серијал, Индијана Џонс е на мисија да пронајде артефакт кој може да го промени текот на историјата.
Air
Главните улоги им припаѓаат на Бен Афлек и Мет Дејмон кои неколкупати имаат покажано дека се одлично филмско дуо.
Air e биографска спортска драма која се фокусира на создавањето на веќе култните патики Air Jordan и обидите на Nike да направи договор со Мајкл Џордан.
Asteroid City
Во новиот филм на Вес Андерсон доминира препознатливиот стил на режисерот, па ако ви се допаѓаат неговите претходни остварувања, вреди да му дадете шанса и на ова.
Дејството е сместено во ретро футуристичка верзија на 1955 година и се фокусира на бизарните настани на конвенција во пустински град.
Showing Up
Showing Up е релативно нискобуџетна драма и комедија која ќе ви го подобри расположението.
Главниот лик е скулпторка која се подготвува да отвори ново ателје. Во меѓувреме, мора да се справи со секојдневната драма со нејзините пријатели и семејство.
Beau is Afraid
Beau Is Afraid е необичен спој на трагикомедија, надреализам и хорор.
Хоакин Феникс глуми маж кој има сериозен проблем со анксиозност.
По смртта на неговата мајка, тој се соочува со своите стравови и тргнува на авантура со цел да стигне на нејзиниот погреб.
Спирова С. | Црнобело