10 филмови кои реалистично ги прикажуваат проблемите со менталното здравје (и кај деца, и кај возрасни)
Inside Out, иако е анимиран, се смета за филм кој можеби најдобро ги прикажува проблемите со менталното здравје кај децата и тинејџерите. Од друга страна, Melancholia ќе ве натера да ја почувствувате безнадежноста што ја чувствуваат лицата со депресија.
Проблемите со менталното здравје се тема која сите мораме да ја сфатиме сериозно.
Но, на луѓето кои не се соочиле со ваков проблем, може да им биде тешко да ги разберат предизвиците кои ги носат менталните болести.
10 филмови кои реалистично ги прикажуваат проблемите со менталното здравје – и кај возрасни, и кај деца:
Prozac Nation
Со Кристина Ричи во главната улога, главната тема во Prozac Nation е депресијата.
Главниот лик, Елизабет, е млада девојка на која ѝ претстои блескава иднина. Но, додека е во прва година на Харвард, таа почнува битка со депресија.
What’s Eating Gilbert Grape
Во една од своите најдобри изведби, Леонардо ди Каприо глуми дете со попреченост.
Неговата мајка не може да се движи поради прекумерна тежина, додека татко му извршил самоубиство.
Неговиот брат (Џони Деп), е должен да се грижи за нив, додека се соочува со предизвиците и стравовите за својата иднина.
It’s Kind of a Funny Story
Главниот лик – Крег – е тинејџер со клиничка депресија кој одлучува да се пријави во психијатарска установа за возрасни.
Крег размислува и за самоубиство, но преку разговорите со другите пациенти, учи одново да го засака животот.
Wonder
Во овој случај, главниот лик Оги не се соочува со проблеми со менталното здравје, туку со одбивање и малтретирање од другите.
Оги е 10-годишно детенце со ретка болест поради што неговото лице е деформирано. Тој следи домашна настава, но во петто одделение првпат се запишува во училиште.
Дејството на филмот го следи новото искуство на Оги помеѓу негови врсници и желбата да биде прифатен од нив.
Inside Out
Иако станува збор за анимиран филм, Inside Out на уникатен начин ги прикажува проблемите со менталното здравје на децата.
Главниот лик е девојче кое се преселува во нов град, но не може да се адаптира.
Она што е забавно во филмот е тоа што емоциите на девојчето како страв, гнев и радост, се претставени како посебни ликови и преку нив гледаме како се влошува нејзината ментална состојба.