Во средата започнаа едукативните работилници за деца на тема „Со здрави навики до здрави бубрези“. Организатор на овие работилници е Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“, кое, во соработка со „Ladna“, во оваа, прва, фаза од проектот, ќе се погрижи сите ученици од трето одделение од општините Центар, Чаир и Аеродром да добијат соодветна едукација за здрави навики кои ќе придонесат за зачувување на здравјето на бубрезите.