Душан Дракалски стана дел од “Куќата на славните“ на Голден Драм
- Детали
- среда, 05 октомври 2016
23-тото издание на Голден Драм е горд и почестен да го претстави најновиот член на Куќата на славните Душан Дракалски кој е еден од најсветлите ѕвезди на балканската креативност.
Тој се смета за еден од најкреативните и најискусните специјалисти за комуникација на Балканот, кој успеа да создаде наградувани и незаборавни кампањи во овој крајно предизвикувачки регионот, со помош на кои дојде до најпрестижните награди како што се: Titanium Lion на 60-иот Кански фестивал за адвертајзинг. Во текот на неговата кариера тој отсекогаш се залагал за екстремно високи стандарди во својата работа и верува дека страста мора да постои во рамките на секое дело. Работата на Душан беше препознаена на Канскиот фестивал, Eurobest, фестивалите во Њујорк, Epica, Голден Драм, Меѓународниот фестивал за адвертајзинг во Москва и многу други регионални фестивали.
Својата кариера ја започнал во 1997 во S Team Bates Saatchi&Saatchi а потоа стана дел од New Moment New Ideas Company.
Дракалски со ова вклучување во “Куќата на славните“ на Голден Драм, се приклучува на листата која ја сочинуваат повеќе исклучително ценети имиња на луѓе кои на свој начин ја одбележуваат професијата како: Adrian Boțan, Jure Apih, Farid Chehab, Ivan Chimburov, Michael Conrad, Jan Mariusz Demner,Meta Dobnikar, Ami Hasan, Jiri Mikeš, Juli Nemes, Günseli Ocakoğlu, Milka Pogliani, Ulrich Proeschel,Daniel Ružička, Dragan Sakan, Juraj Vaculik, Vital Verlič, Darek Zatorski и Jarek Ziebinski.
Дракалски ќе биде и овогодишен спикер на Голден Драм каде ќе зборува на темата „Време, Соништа, Планови и неколку скици“/„Time, Dreams, Plans and some Sketches“.
За повеќе информации во врска со фестивалот Голден Драм посетете ја страницата www.goldendrum.com.