МКСкопје – настан што ја собра маркетинг елитата и експертите во комуникациите во регионот

Дванаесет врвни експерти од маркетинг индустријата и современите комуникации, повеќе од 250 делегати од земјава и уште од Србија, Хрватска, Албанија и Косово како и огромен интерес од локалните, домашни маркетари, ПР експерти и студенти го одбележаа првиот Marketing Kingdom Skopje.

mkskopje-nastan-sto-ja-sobra-marketing-elitata-i-ekspertite-vo-komunikaciite-vo-regionot-1.jpg

Настанот, организиран од македонската агенција P World, вклучуваше презентации од светските гуруа за маркетинг од Shazam, Rolls Royce Motor Cars, Visit Britain, Coca-Cola, SAP и VISA. Посебно атрактивни и интересни за присутните беа интерактивните презентации од Патрик Џефсон, генералниот секретар на принцезата Дијана и од Мери Џо Џејкоби – единствената деловна личност во светот што работела за два претседатела на САД, за Кралицата на Велика Британија и премиер на Велика Британија, како и личноста што управуваше со кризата во BP America, за време на пролевањето нафта во Мексиканскиот Залив, назначена од Обама лично.

„Да се донесат сите овие експерти без преседан во Македонија, е достигнување и престиж од повеќе аспекти. Пред се тоа е единствена едукативна можност за македонските маркетари и експерти за комуникации да ги надградат сопствените знаења и искуства со нови информации и трендови во индустријата. Но, она што мене лично многу повеќе ми значи по 5 години организирање на Marketing Kingdom конференции низ целиот свет е тоа што овие 12 гуруа го следат и го ценат она што го работиме и нашиот, локален пристап кон модерните комуникации. Нивното присуство тука значи уважување на пазарот и индустријата, што секако ние го покажавме со масовното присуство на настанот“, изјави Коста Петров основач и сопственик на Пи Ворлд.

mkskopje-nastan-sto-ja-sobra-marketing-elitata-i-ekspertite-vo-komunikaciite-vo-regionot-3.jpg

Најголемиот настан од маркетинг индустријата во Македонија досега, уште беше дополнет со промоција на книгата „Тајните на светските ПР експерти“, книга во која Коста Петров, основачот на ПИ Ворлд е еден од главните уредници.

Во книгата се поместени размислувањата од 12 светски експерти за односи со јавноста и нуди решенија и идеи за совладување на односите со јавноста во свет на постојани промени. Според зборовите на Мери Џо Џејкоби-Џефсон, оваа книга е различна од останатите затоа што собира „богатство од лични искуства и практични совети“. Книгата е богатство од лични искуства и практични совети, кои не може да се најдат на друго место, дополнува Џејкоби.

mkskopje-nastan-sto-ja-sobra-marketing-elitata-i-ekspertite-vo-komunikaciite-vo-regionot-2.jpg

Витаминка беше генералниот спонзор на Marketing Kingdom Skopje, а настанот беше поддржан и од M Car, официјалниот застапник на BMW и MINI во Македонија. Pop Leads беше официјален партнер за технологии.

mkskopje-nastan-sto-ja-sobra-marketing-elitata-i-ekspertite-vo-komunikaciite-vo-regionot-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg