Work&Travel – позитивната пресвртница во животот на студентите
- Детали
- недела, 09 октомври 2016
Work and travel програмата e позната како програма за културна размена на студенти во која секоја година земаат учество повеќе од 100.000 студенти и важи за најпопуларна програма помеѓу студентите во целиот свет.
Целта на програмата е да им се овозможи на студентите да престојуваат за време на летниот студентски одмор во Америка, да се запознаат со културата на Америка, да стекнат нови пријателства и да го усовршат англискиот јазик.
„Искуството кое што го здобив во САД ниту една пара на светот не може да го купи. Стануваш похрабра личност, поодговорна личност, учиш како сам да ги отвараш вратите на животот – оние големите. Америка ти дава шанса да се пронајдеш во таа туѓа и за тебе непозната средина, но пријателствата, луѓето кое ги запознаваш таму, всушност сфаќаш колку си добредојден таму и околку луѓето кои живеат во САД“, истакнува Давор Даниловски од Битола, студент кој имаше шанса да ги ужива бенефитите од оваа програма.
Кога станува збор за оваа програма во Република Македонија, сега веќе и потврдено од студентите, прва асоцијација е најдобрата Work and Travel агенција - Коузон која има партнерство со најдобрите спонзор компании од Америка и редовно овозможува повеке од 1500 работни понуди во Америка за летна студентска работа за македонските студенти. Дополнително, како дел од Коузон Корпорација, Коузон студентскиот сервис беше првата професионално организирана агенција која ги постави основите на програмите за студентска размена во Македонија а со тоа и ги доближи македонските студенти до сите светски програми од оваа област. Благодарение на тоа, од 1999 година до денес повеќе од 15.000 студенти имаа можност да пропатуваат со Коузон низ светот пред се како учесници во програмите за летна студентска работа, интерншип и Ау-паир. Крајно, Коузон е македонски бренд кој постои и успешно работи во 17 држави и тоа на 4 континенти, компанија која отвара пат на студентите до блескава кариера во Македонија или надвор од неа и гордо ја носи меѓународната сертификација STUBRAND 2016.
Затоа студенти, не чекајте, информирајте се за бенефитите од оваа програма и резервирајте си го возбудливото лето веднаш.