Макпрогрес Виница ќе учествува на "Сиал" Париз најголемиот светски саем за храна

Со цел разгледување на можностите за извоз на производите на Макпрогрес на нови пазари, воспоставување соработка со нови компании и светски ланци на супермаркети низ светот, како и за собирање нови иновативни искуства и знаења за трендовите во производството на храна, Макпрогрес веќе осма година по ред ќе биде дел од најголемиот светски саем за храна "Сиал" кој ќе се одржи од 16-20 октомври во Париз, Франција.

makprogres-vinica-ke-ucestvuva-na-sial-pariz-najgolemiot-svetski-saem-za-hana.jpg

Пред над 150.000 посетители од различни места во светот, на штандот Ј139 кој се наоѓа во хала 5А, Макпрогрес ќе се претстави со широкото портфолио на производи од програмата Винчини, а ќе има можност да воспостави контакти со различни производители на производна опрема, други преработувачки индустрии и добавувачи на состојки, кулинарски професионалци, што ќе претставува значајно искуство со цел понатамошно унапредување на своите производи, и воведување нови производи според светските трендови за храна.

Квалитетот на своите производи и разновидноста на пазарите кон кои пристапува отсекогаш било стратешка бизнис определба на Макпрогрес од Виница. Со повеќе различни производи кои адресираат различни пазари Макпрогрес долгорочно обезбедува раст и развој на компанијата и на продуктното портфолио. Токму затоа и се учествува на саемот "Сиал"  во Париз, кој  често се нарекува и најголемиот хипермаркет во светот - и тоа со право, бидејќи претставува  вистинското место каде се доаѓа до идеи, партнери или клиенти.

Оваа година на  саемот "Сиал"  Париз ќе има над 7000 изложувачи од 104 земји, а настанот ќе трае 5 дена. Станува збор за престижен саем каде се претставуваат реномирани компании, каде се презентираат најновите трендови во производството на храна и анализите за очекувањата на потрошувачите, и каде се дискутира за предизвиците со кои се соочува прехрамбената индустрија. Како тема иновациите во процесот на производството на храна и изборот на различни состојки, заземаат клучно место на овој саем.

Нашите напори да креираме дополнителна вредност за нашата компанија, за нашите производи и нови искуства за нашите вработени се непроценлива инвестиција. Токму поради тоа обрнуваме големо внимание на транспарентност, рамнотежа, квалитетот на состојките и на влијанието врз животната средина како клучни елементи врз кои се базира иднината на Макпрогрес. Со денешниот амбиент за раст и развој на бизнисот и либералната економија, како и променливоста на пазарните услови, или ќе одберете да се развивате, да растете и да одите напред, освојувајќи нови пазари или ќе се движите наназад. Макпрогрес отсекогаш се охрабрувал на чекори и деловни предизвици кои возбудуваат и нудат пласман на пазари со економски текови сосема различни од локалните, на континуирани инвестиции кои значат создавање нови вредности. Токму со цел да бидеме блиску до светските трендови, и можностите за иновации, учествуваме на овој саем, кој за нас како динамична компанија претставува одлична можност за нови искуства и знаења кои ќе ни помогнат во долгорочниот развој на нашата компанија“ - изјави г. Глигор Цветанов, Извршен директор на Макпрогрес ДОО Виница.

Би можело да ве интересира:

10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Христина Пан по 2 месеца поминати во болница со ќеркичката во Турција: „Се молам најлошото да е зад ... „Повеќе од 2 месеца со Тара ги немавме видено најблиските. Се гледавме цело врем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg