CITROËN C4 Cactus и 111 ваучери од по 11.000 денари во наградната игра на Рамстор

Уште од основањето визијата на Рамстор остана иста; да креираат и да задржат среќни и задоволни потрошувачи, а тоа настојување го демонстрираат и со организација на новата наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“, што е само уште еден од начините Рамстор да ја искаже својата благодарност кон потрошувачите за овие 11 години.

citrioen-cactus-i-111-vauceri-od-po-11000-denari-vo-nagradnata-igra-na-ramstore.jpg

Рамстор маркетите постојано работат на унапредување на разбирањето на потребите на модерното живеење, инвестираат во оперативна инфраструктура и во нови маркети поблиску до потрошувачите, кои ќе им обезбедат најдобри услови за пазарување, во опкужување на услужливи и мотивирани вработени и со понуда која ќе им го подобри квалитетот на животот ним и на нивните најмили. Следејќи ги позитивните трендови во малопродажбата и ослушнувајќи ги потребите и очекувањата на локалните потрошувачи, Рамстор маркетите го развиваа своето работење со одговорен пристап кон потрошувачите, кон локалната заедница и кон животната средина.

„Односите со потрошувачите за нас се долгорочен деловен императив и се од клучна важност за успехот на Рамстор . Темелите на оваа одлука се вградени во вредностите на нашата компанија, а тоа се грижата, тимската работа и постојаното подобрување на нашите вработени, обезбедувајќи можности нашата услуга да напредува и да носи корист за нашите потрошувачи. Од тие причини преку креирање на наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ сакавме да ја искажеме нашата благодарност кон нив и да ги наградиме, да ги забавуваме и да им овозможиме дополнителна вредност за нивните пари“ - Мурат Јуксел, Маркетинг директор на Рамстор во Македонија.

11 години Рамстор маркетите за потрошувачите  се првиот избор, за вработените посакуван работодавец, а за деловните субјекти и добавувачите доверлив партнер и општествено одговорна компанија.

„Ги повикувам сите потрошувачи да учествуваат во наградната игра и да ги чуваат своите фискални сметки. Можеби токму тие ќе бидат среќните добитници на возбудливиот Citroën C4 Cactus или на еден од 111 ваучери од по 11.000 денари“ - додава Јуксел.

Наградната игра „11-ти роденден на Рамстор!“ е во тек и трае до 14 декември оваа година, а сите полнолетни потрошувачи што ќе направат сметка над 1.000 денари имаат право на учество во наградната игра.

Рамстор маркетите се детерминирани на потрошувачите да им обезбедат највисоки услови, внимавајќи на важните фактори што ја обединуваат целината во едно единствено чувство при пазарувањето.

Би можело да ве интересира:

Бајковит прв роденден на девојче од Скопје - Мајката и славеничката во фустани во тон (фото) „Подготвувањето на роденденот на Лана ни траеше сигурно 2 месеца, но мислам дека...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека... „Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те сп...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg