НЛБ Банка денеска, во рамките на детскиот ликовен конкурс по повод НЛБ Месецот на штедење, ги објави победничките цртежи на тема ,,Штедење и истражување на убавините на нашата земја“. Овој конкурс Банката го организира традиционално по 9-ти пат и како и минатите години и оваа година тој имаше хуманитарен карактер. Банката за секој пристигнат цртеж донираше парични средства, при што за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје Банката ќе донира износ од 3.000 ЕУР.