Македонска шминкерка си направи врвна Урсула маска: „Кога ме виде син ми се преплаши, кога се измив - ја снема лошата тетка“
- Детали
- недела, 01 ноември 2020
„Син ми се исплаши од маската, па морав веднаш да се размонтирам, а кога излегов од туш не престана да ме бацува“ - вели шминкерката Фросина која за Halloween си направи врвна маска и се претвори во Урсула, а откри дека процесот траел 2-3 часа.
Иако Halloween не е наш празник, сепак шминкерката Фросина Ангеловска се инспирирала од светските трендови и си направила совршена маска направена со шминка, а крајниот резултат е Урсула од Малата Принцеза.
На својот Инстаграм профил, Фросина објави фотки на кои е непрепознатлива бидејќи совршено го доловила ликот на Урсула на себе, користејќи шминка и нејзините магични раце.
Таа на своето лице и тело создаде вистинско уметничко дело, па ја контактиравме за да ни го раскаже процесот на создавање на маската.
Таа за CRNOBELO.com изјави:
„Урсула ми е желба 6-7 години наназад, но Halloween генерално ми бил работен празник и никогаш не сум имала ниту време ниту енергија за да ја изведам... А, сакав кога ќе биде, да биде како што треба.
Оваа година со оглед на ситуацијата, имав малку повеќе време, па успеав да издвојам 2-3 часа да се обојам од глава до пети, сошивме стреч фустанче набрзинка во студио, ја стокмивме периката и се склопи баш како што сакав. Можеби немав прилика да ја прошетам во јавност, но имам преку 500 фотки така да ќе гњавам по Инстаграм наредниве денови.“ - открива за процесот на изработка Фросина.
Маската е направена толку професионално и оригинално, што дури и нејзиното синче не ја препознало, а за тоа таа вели:
„Кога дојдов дома, син ми се преплаши, па морав веднаш да се размонтирувам за да види дека мама е тука, а кога излегов од под туш, не престана да ме бацува, пресреќен дека мајка му се врати и ја нема веќе лошата тетка. Инаку се бањав додека не ја снема и последната капка, сепак мислам дека имам уште виолетово во школките на ушите (хаха).“
Во продолжение уште фотки од Фросина, девојка која се залага за тоа сите тела да бидат прифатени и секоја жена да се сака себеси:
М. М. | Црнобело / фото: Инстаграм - frozi_fran