Доколку не го потрошите мобилниот интернет можете и да го размените за друга услуга
- Детали
- четврток, 29 октомври 2020
Интернет поврзаноста преку мобилните телефони е повеќе од потребна. Сега веќе не ни служи само за забавни содржини и социјализација, туку мобилниот интернет е услугата која ни овозможува да работиме, купуваме па и да слушаме предавања и активно да учествуваме во нив.
И покрај секојдневното користење, сепак можно е дел од гигабајтите да останат и неискористени во тековниот месец. Но сега тие не пропаѓаат. А1 Македонија ја надгради функционалноста на A1 Net Sef со воведување уште еден новитет, единствен на европскиот пазар, со кој корисниците на мобилни услуги добиваат можност не само да го зачуваат интернетот и да го одложат неговото користење, туку неискористените GB да ги заменат за друга услуга како интернет во странство или меѓународни разговори.
Со оваа опција за размена, корисниците кои патуваат во странство или имаат потреба од меѓународни повици можат едноставно преку мобилната апликација Мојот А1 да активираат дополнителен пакет по свој избор.
Имено, во рамки на одредени тарифни модели од A1 Neo/Neo SIM портфолиото (M+/L/XL) како и A1 Neon+/Neon+ SIM корисниците кои имаат сочувано доволно мобилен интернет во А1 Net Sef ќе можат доколку сакаат да ги заменат сочуваните GB за дополнителни бенефити: интернет во странство или меѓународни разговори.
Доколку сте корисник на А1 сè што треба да направите е преку апликацијата Мојот А1 каде се прикажани сите пакети кои се достапни за активација, да активирате некој од пакетите во зависност од својот сочуван мобилен интернет во А1 Net Sef, преку достапното копче „Размени”. Може да бидат разменети повеќе пакети во еден месец (во зависност од сочуваните GB).