Тамара Тодевска ја истетовира строфата од химната што заборави да ја испее (фото)
- Детали
- петок, 30 октомври 2020
По низата критики кои ги доби за заборавениот дел од македонската химна, Тамара гордо ја истетовира строфата што не ја испеа – храбар потег!
Минатата година Тамара Тодевска се соочи со низа критики откако на Денот на независноста на САД, пеејќи ја македонската химна, го пропушти делот во кој се споменуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански.
Иако таа редеше низа успеси, меѓу кои и врвниот настап и успех на Евровизија, сепак многумина останаа огорчени од овој чин, од кој сите беа длабоко навредени.
Пејачката на неколку наврати објасни дека грешката била ненамерна и му се извини јавно на македонскиот народ, а откако неодамна вети дека ќе ја истетовира оваа строфа од химната, таа си го исполни ветувањето, со капка надеж дека можеби горчливите зборови упатени кон неа овојпат ќе бидат задржани.
Таа во неодамнешно интервју за Бекстејџ, изјави дека ја боли тоа што луѓето не ѝ верувале дека грешката била ненамерна, а се надева дека тоа еден ден ќе избледи и ќе престанат да ја мразат, бидејќи таа е свесна дека има доволно добро направено за својата земја.
Тамара објави фотки од новата тетоважа:
М. М. | Црнобело