„Преплашена, настанот ѝ го раскажав на мојата другарка, а во нејзино друштво кратко после тоа и на лицето кое прво требаше да ме заштити мене. Тогаш го гледав од аспект на учител кој ја водеше играорната група, а го добив првото разочарување од него. Откако се обратив до него и му ја раскажав случката тој бессрамно ме погледна во очи и убедена сум дека иако знаеше дека тоа што му го кажувам е вистина, ми се обрати со зборовите ’ОДИ СИ ДОМА И НЕ КАЖУВАЈ НА НИКОЈ, А ЈАС ЌЕ РАЗГОВАРАМ СО ЧИЧКОТО’ …“, раскажува Мартина Дејаноска од Велес.