Исповед на Македонка: „Моето ново 'Нема телефон после 20:00h' правило ме прави нова личност“
- Детали
- вторник, 06 април 2021
„Животот апсолутно, дефинитивно и 100% не е Инстаграм...“ - Нашата лајфстајл инфлуенсерка Стефанија Несторовска искрено говори како со едно мало правило си го променила секојдневието.
Стефанија Несторовска е девојка која постојано споделува совети за здрава исхрана и фитнес вежби со своите 35.000 следбеници на Инстаграм.
Овојпат таа проговори на тема како телефоните ни влијаат на секојдневието и колку голема промена ѝ донела одлуката да не користи телефон по 20 часот.
Таа со своите следбеници споделува:
„Моето ново ‘Нема телефон после 20:00h’ правило ме прави нова личност. Не се ни зафркавам.... најдобрата одлука што некогаш сум ја донела...
Искрено, не се осеќав дека нешто сум толку зависна од социјални мрежи и колку ми влијаат на секојдневниот живот се додека не ‘останав без нив’. Добро, барем во одреден дел од денот ама пак....
Го сакам Инстаграм, сакам социјални мрежи, сакам iнтернет. Ама. Едно големо АМА - сите знаеме дека сѐ што е многу, не е на арно... Особено за личност со карактер и особини како моите што знам сѐ да си фатам при срце па и да ме држи будна навечер.
Оваа некоја дистанца што ја поставив - немате поима колку ми годи. Не само што уживам во времето посветено само на себе туку и времето што го поминувам тука ми е максимално и 100% посветено само за убави и позитивни работи.
Сакам да кажам.... Животот апсолутно, дефинитивно и 100% не е Инстаграм и never ever forget that!!!! Ама па од друга страна и Инстаграм ќе биде она што ти ќе направиш да биде.... Го гледаме тоа што сакаме да го гледаме и се опкружуваме со онаа енергија што ја привлекуваме.
Нема ништо поважно од сопственото ментално здравје и да правиме она што нѐ прави среќни. Скроз клише ама чиста вистина“.