Омаловажувачкиот хумор кон етнички групи не е само шега, туку шовинистичко поттикнување на предрасуди и негативни стереотипи. Исто како што сексистичките вицови и скечеви за „плавушите“ ја навредуваат интелигенцијата на жените, така и невкусните вицови и скечеви за Ромите, Власите или Албанците навредуваат, повредуваат и омаловажуваат цели етнички групи.