е не сакам во градинка, сакам во зоолошка!“ - ова е реченицата со која што практично ни почнува секое утро во последниве две недели. Ќерка ми (3) нема утро а да не побара да ја однесеме да ги види животните. Тоа барање е сосема логично, ако се земе во предвид дека Зоолошката градина е местото што сите нѐ исполнува со позитивна енергија, не плени и не тера да се вратиме повторно следниот викенд.