Бебе лемурче, моменти со новородено мајмунче – Што се случува деновиве во Скопје ЗОО? (фото)

„Не не сакам во градинка, сакам во зоолошка!“ - ова е реченицата со која што практично ни почнува секое утро во последниве две недели. Ќерка ми (3) нема утро а да не побара да ја однесеме да ги види животните. Тоа барање е сосема логично, ако се земе предвид дека Зоолошката градина е местото што сите нѐ исполнува со позитивна енергија и нè тера да се вратиме повторно следниот викенд.

Bebe-lemurce-bebe-majmunce-i-mali-pilinja-sto-ima-novo-vo-skopskata-Zooloshka-gradina-01.jpg

Како и да е, иако деновиве времето не е погодно за прошетки, па и за посета на Зоолошката градина, оттаму слушаме убави вести, што во секој случај се само иницијатива плус, следното слободно време кога времето ќе биде убаво, да го поминеме заедно со животните.

На официјалната Фејсбук страна на Скопската Зоолошка градина во текот на изминатите денови објавија дека имаат принова во семејството Патаси.

Тие објавија фотографија на која што се гледа како мајката од фамилијата „гусарски мајмуни“ во мир и тишина ужива во првите мигови со своето малечко.

majmunce.jpg

Принова имаше и кај лемурите. На 11.04.2021 се роди бебе лемурче, а на Фејсбук од Зоолошката напишаа:

„Неделна радост во Скопје Зоо - Имаме бебе лемур. Прстенопашестите лемури се загрозен вид и во природата се останати само околу 2200-2400 лемури. Нашата зоолошка е една од ретките каде што секоја година се раѓаат по неколку лемурчиња и со тоа работиме на продолжување на видот. Колку за споредба, минатата година се роди едно лемурче по подолго време во зоолошката во Москва и тоа беше сензација со месеци низ цела Русија“.

lemurce.jpg

Мама лемур и бебе лемур ❤️

Мама и бебе-Саботно топење од Скопје ЗОО 😍

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Saturday, April 17, 2021

Во Скопската зоолошка градина принова има и кај гуските, на фотографијата објавена на 15-ти месецов може да видиме како цело стадо гуски деноноќно се грижи за малите пилиња.

guski.jpg

Претходно принова имаше и кај верверичките, а на Фејсбук од Зоолошка напишаа: „Мама Рипко излезе од куќарката за да ни ги покаже бебињата“.

bebe-lemurce-bebe-majmunce-i-mali-pilinja-sto-ima-novo-vo-skopskata-zooloshka-gradina.jpg

Дополнително, од неодамна беше отворена и новата сезона во „Бејби Зоо“ каде најмалите посетители можат да погалат животно.

ververicka.jpg

Овие вести се само иницијатива кога времето ќе биде убаво да одвоиме време и да го поминеме денот во Скопската Зоолошка градина. Тоа е местото што сите нѐ исполнува со позитивна енергија како повозрасните, така и најмалите.

pingvini-1.jpg

Јас искрено, со нетрпение очекувам да го поминам денот таму и да ги посетам омилените животни.

Ќе се наполнам со позитивна енергија, а со помош на ќерка ми, повторно ќе се присетам како е да си дете и допрва да учиш за светот околу себе.

tigri.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук

Би можело да ве интересира:

Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Славчо Попоски, метеоролог: „Уште една многу топла недела, викендов можни врнежи од дожд“ „Уште една натпросечно топла седмица пред нас, со невообичаено високи температур...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...
Тамара Тодевска на викенд со децата во Маврово: Зимски лудории на Хана и Дарен Тамара Тодевска ужива во Маврово со своите две деца и споделува на Инстаграм как...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg