Црна ноќ, тишина, студена ноќ, стара куќа, искрешени ѕидови и без прозорци, плач и лелек, страв... Чекориш сам во ноќта и иако знаеш дека таа куќа со децении е напуштена, чувствуваш како некој, нешто те гледа, следи... Чувствуваш присуство ама нема никој... Сам во ноќта покрај напуштена куќа... Крвта ти се заледува и срцето чука сè побрзо... Што ли се случува? Сцена од хорор филм... Наводно проколната куќа, полна со духови, зло и страв, легенда која со години се пренесува од генерација на генерација...