Македонка со хит објава: „Не можеме двете да бидеме убави во исто време - или е куќата или сум јас“
- Детали
- четврток, 08 јули 2021
„Се знае како се остава куќа кога се спремаш за на гости или излегување. Да дојде некој ненајавен во тој момент, изгледа како торнадо да поминало, а мајка дотерана и насмеана, деца и сопруг за на изложба...“, раскажува Зорка.
Зорка е сопруга и мајка која со своите следбеници на Инстаграм профилот @MissMama постојано споделува детали од своето секојдневие.
Повеќе од 7.000 луѓе со задоволство ги следат нејзините шеговити објави на тема родителство, но и советите дадени од срце.
Овојпат таа со еден напис ги погоди во срце многу жени, кои се борат со недостигот од слободно време.
Нејзината хит објава гласи: „Не можеме двете да бидеме убави во исто време - или е куќата или сум јас“.
Таа на ова додава: „Да се разбереме, не може сè одеднаш! Или куќата ќе блеска или јас.
Се знае како се остава куќа кога се спремаш за на гости или излегување. Да дојде некој ненајавен во тој момент, изгледа како торнадо да поминало, а мајка дотерана и насмеана, деца и сопруг за на изложба.
Исто така не сум видела досега некоја во тоалета и со штикли да брише прозори или да вади мрсни дамки од шпорет.
Има денови и ситуации кога ти одбираш што да блеска. Има и такви кога и двете блескате, ама тука најчесто се јавува џокер - повикај пријател (жена што чисти)“.
Дали се согласувате со неа?
Фото извор: Инстаграм MissMama
С. С. | Црнобело