Атиџе со нов стајлинг – во фустан и штикли на промоцијата на спотот за новата песна со Сузана Турунџиева (фото+видео)
- Детали
- четврток, 08 јули 2021
За промоцијата на видео спотот за заедничката песна со Сузана, „Од Бекирлија до Битола“, Атиџе ја покажа стилската трансформација, облечена во дезениран фустан и сандали на штикла.
Сузана Турунџиева долго време ја најавува заедничката песна со Атиџе, а на 7-ми јули истата беше официјално промовирана со видео записот.
Во музичкиот спот за песната е прикажана трансформацијата која ја доживеа Атиџе, а и по фотките од промоцијата може да се забележи променетиот имиџ на омилената пчеларка.
Двете облечени во фустани со дезен и сандали на штикла, гордо го промовираа спотот за првата заедничка песна „Од Бекирлија до Битола“:
М. М. | Црнобело / фото: Фејсбук - Сузана Турунџиева