Со песна од Тоше и Каролина, нашата Барбара Поповиќ повторно ги собра сите комплименти во српско музичко шоу
- Детали
- понеделник, 04 декември 2023
„Овој настап ми имаше некоја атмосфера како од Сан Ремо, а Барбара, ти беше маестрална“, рече Наташа Беквалац откако македонската пејачка Барбара Поповиќ ја испеа песната „Немир“, во дует со српскиот пејач Стефан Шај во музичкото шоу „IDJ Show“.
Македонската пејачка Барбара Поповиќ имаше уште еден совршен настап во српското музичко шоу „IDJ Show“.
Таа овој пат пееше во дует со српскиот музичар Стефан Шај, кој се натпреварува во шоуто скоро две години.
Темата на емисијата беше „Враќање во иднината“, а Барбара и Стефан ја испеаја дуетската песна од Тоше Проески и Каролина Гочева, „Немир“.
„Кога дојдовме на првата проба и Стефан почна да ги пее фразите од Тоше, јас останав без зборови, не можев да поверувам“, рече Барбара по настапот.
„Ти си одлична поп-пејачка и продолжи да пееш вака и да бидеш вредна и во иднина“, ѝ кажа Реља на Барбара.
„Овој настап ми имаше некоја атмосфера како од Сан Ремо. Знам дека уживавте, Барбара, ти беше маестрална“, додаде Наташа Беквалац, која е член на жирито.
Последен коментар даде Дарко Димитров:
„Мило ми е што пеат македонски песни на македонски. Не сакам да се повторувам, но мора пак да кажам дека Барбара е вистинска гордост на Македонија“.
Настапот на Барбара и Стефан почнува на 56:49.
А. Ј. | Црнобело