Македонски физиотерапевт направи емотивна тетоважа: „Во сеќавање на сите дланки што ги држев во борбата со ковид“
- Детали
- среда, 07 јули 2021
„Звукот на белите дробови на пациентот се слушаше низ целиот ходник на клиниката. Додека тој се мачеше за малку здив, ја видов оваа дланка што ја држеше и се обидуваше да му даде надеж“ – раскажува фотографката која го овековечи овој емотивен момент за физиотерапевтот Велимир.
Од почетокот на пандемијата досега поминавме низ многу тешки моменти, огромен број на животи беа изгубени, а во тие последни минути, секој посакува да има некого кој барем ќе го држи за рака додека се бори за здив.
Додека медицинските лица до последен момент се борат за животот на пациентите, некој секогаш е тука до нив и да ги утеши и да им подаде рака.
Токму таков е Велимир Тричковски, физиотерапевт од Инфективната клиника, за кој зборува фотографката Арбнора Мемети.
фото: Фејсбук - Велимир Тричковски
Нејзината фотографија од емотивен момент додека Велимир држи за дланка пациент на смртна постела, сега е пресликанa како тетоважа на раката на физиотерапевтот, во чест на сите дланки кои ги држел во борбата со ковид.
Емотивната објава на Арбнора допира до сечие срце и ги полни очите со солзи:
Оваа фотографија е една од првите што избрав да ја објавам откако првпат влегов во Клиниката за инфективни болести. И да, не беше случајно.
Звукот на белите дробови на пациентот се слушаше низ целиот ходникот на клиниката. Како што се приближував до вратата, видов една група на медицинскиот персонал обидувајќи се да му го олеснат дишењето со неколку боци. Додека тој се мачеше за малку здив, ја видов оваа дланка што ја држеше и се обидуваше да му даде надеж.
фото: Арбнора Мемети
Иако пациентот ја изгуби борбата после три дена, оваа фотографија продолжува да живее.
Овој момент секогаш ќе живее со мене, но и со физиотерапевтот (Velimir Trickovski) кој реши да ја истетовира оваа фотографија на неговата рака, како знак на сеќавање на сите дланки што ги држеше.
фото: Велимир Тричковски
Физиотерапевтот Велимир на својот Фејсбук профил ги објави истите фотографии и напиша:
„Рака што помага... Во чест и сеќавање на сите дланки кои ги држев за време на борбата со Ковид-19... Заслугите за оваа уметност одат за Арбнора Мемети и Inkspired tattoo studio Skopje“
... Во чест, спомен и сеќавање на сите дланки кои сум ги држел за време на борбата против Ковид-19...
A HELPING HAND... In honor and memory of all hands that I've been holding during fight with Covid-19... 🙏🤲 All the...
Posted by Velimir Trickovski on Monday, July 5, 2021
М. М. | Црнобело