Во преполната сала на Македонската Филхармонија беше одржана и третата завршна претстава на проектот наречен „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, кој „Пакомак“, заедно со еко магионичарот Кристијан Шопов, го намени за децата од предучилишна и од училишна возраст. Станува збор за забавна магионичарска претстава во која преку хумор, смеа и интеракција децата учеа за важноста на селектирањето и за одржувањето чиста животна средина...