Со многу смеа и забава се одржа завршната претстава од проектот наречен „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“

Во преполната сала на Македонската Филхармонија беше одржана и третата завршна претстава на проектот наречен „Хокус покус, рециклирањето е во фокус“, кој „Пакомак“, заедно со еко магионичарот Кристијан Шопов, го намени за децата од предучилишна и од училишна возраст. Станува збор за забавна магионичарска претстава во која преку хумор, смеа и интеракција децата учеа за важноста на селектирањето и за одржувањето чиста животна средина.

so-mnogu-smea-i-zabava-se-odrza-zavrsnata-pretstava-od-proektot-narecen-hokus-pokus-recikliranjeto-e-vo-fokus-01.jpg

Невозможното и мистериозното зачинето со хумор секогаш буди интересот кај публиката. Нема човек што не сака да се насмее и да види нешто интересно, необјасниво. Дополнително кога знаеш дека пренесуваш екопорака, која треба да ги мотивира децата да селектираат отпад и со тоа да создадат почист свет, задоволството е уште поголемо, изјави еко магионичарот Кристијан Шопов, кој е истовремено и голем екологист, илузионист и хуманист.

Претставата во која децата се едуцираа, дека стаклото треба да го фрлат во зелениот контејнер, хартијата во синиот, а пластиката и лименките во жолтиот контејнер ја видоа и над 33.700 деца во Скопје од 52 училишта и уште 17.000 деца од 45 училишта од 7 градови од Македонија. Проектот го поддржаа Пивара Скопје и Холандската амбасада во Македонија, традиционалните партнери на Пакомак кога станува збор за екологија.

so-mnogu-smea-i-zabava-se-odrza-zavrsnata-pretstava-od-proektot-narecen-hokus-pokus-recikliranjeto-e-vo-fokus-02.jpg

За истата претстава/проект Пакомак - Друштво за управување со пакување и отпад од пакување доби и национална награда за 2018 година за општествено одговорни практики од Министерство за економија на Република Македонија.

Проектот се покажа извонредно успешен и претставува позитивно искуство за децата, наставниците, родителите и за нас како еко компанија со јасна еко-визија. Станува збор за интерактивен проект во кој децата се инволвираа, прашуваа прашања, се едуцираа на еден непосреден и забавен начин, што посебно им се допадна. Тоа за Пакомак е потврда за она што го прави, а тоа е влог во нашите деца и нивната иднина. Важно е децата да имаат високоразвиена еколошка свест за да живеат во иднина во почиста животна средина“ – изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

so-mnogu-smea-i-zabava-se-odrza-zavrsnata-pretstava-od-proektot-narecen-hokus-pokus-recikliranjeto-e-vo-fokus-03.jpg

so-mnogu-smea-i-zabava-se-odrza-zavrsnata-pretstava-od-proektot-narecen-hokus-pokus-recikliranjeto-e-vo-fokus-04.jpg

so-mnogu-smea-i-zabava-se-odrza-zavrsnata-pretstava-od-proektot-narecen-hokus-pokus-recikliranjeto-e-vo-fokus-05.jpg

Би можело да ве интересира:

Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg