Донирајте и создадете ѕвезда на небото на СОС Детско село

СОС Детско село чекори кон исполнување на детски желби во овие празнични денови

donirajte-i-sozdadete-dzvezda-na-neboto-na-sos-detsko-selo-01.jpg

Скопје, (18.12.2018) Започнаа празниците и полека секое срце се исполнува со топли и пријатни чувства. Сепак, тоа е најважно и треба среќата да блеска кај секој од нас. За да го направат тоа за децата, СОС Детско село ја започнаа кампањата „Замени ги незаменливите бидејќи секое дете ги заслужува ѕвездите“. Со донирање на https://sos.org.mk/ малите ќе знаат дека има многу кои се грижат за нив и дека не се сами во овие денови.

На https://sos.org.mk/zvezdeno%20nebo/ се наоѓа небото на СОС Детско село и преку неколку едноставни чекори секој може да ја поддржи нивната мисија за „Топол дом и грижа за секое дете“. Тие што донираат добиваат своја ѕвезда каде може да остават порака за дечињата.

За сите кои не се во можност да ја добијат својата ѕвезда онлајн, може да го посетат небото на СОС Детско село во Cineplexx.

donirajte-i-sozdadete-dzvezda-na-neboto-na-sos-detsko-selo-02.jpg

СОС Детско село ги подарува овие ѕвезди за донаторите затоа што децата ги гледаат секојдневно. Така тие знаат дека не се сами и дека има луѓе кои што ги сакаат. Ова е порака и надеж за малите и СОС Детско село ја откри нејзината значајност на социјалниот експеримент во Cineplexx во Скопје. Неколку анонимни лица подготвија специјални видео-пораки за своите најмили. Тие беа емитувани на големото платно и нивните најблиски беа целосно изненадени од најмоќната порака на светот - „Те сакам“.

Видео може да се погледне во продолжение:

Се повикуваат сите заедно да создадеме соѕвездие на љубовта на небото на СОС Детско село на https://sos.org.mk/zvezdeno%20nebo/

donirajte-i-sozdadete-dzvezda-na-neboto-na-sos-detsko-selo-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Сања Ристиќ не ја крие љубовта кон Перо Антиќ: „Моето срце е за медал, ги собира сите овие 211cm“ „Не знам за вашите срца, колку се големи и колку љубов можат да соберат, ама мое...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg