Кои се бенефити од 100% ‘ржан леб?
- Детали
- вторник, 18 декември 2018
Жито Лукс ја збогати понудата на пазарот и во својата широка палета лебови додаде и 100% ‘ржан леб. Благодарение на својот состав, односно 100% ‘ржано брашно во однос на брашнести состојки, новиот леб произведен од најголемиот производител во мелничко – пекарската индустрија во Македонија носи многу бенефити за организмот.
Новиот 100% ‘ржан леб на Жито Лукс има висока нутритивна вредност, затоа што ‘ржaното брашно е богато со повеќе витамини и минерали кои се значајни за здравјето на луѓето.
„Добро е познато дека висококвалитетната храна може да помогне во дигестивното здравје, но влакната кои се наоѓаат во ‘ржта имаат уште поголемо значење. Најпрво, тие многу добро се врзуваат со молекулите на водата што значи дека влакната се шират и прават стомакот да се наполни, односно да се чувствувате сити подолго време. Дополнително, ‘ржта се смета за прeбиотик, бидејќи е корисна за цревната флора и нуди сеопфатна формула на дигестивното здравје. Леб кој е направен од 100% ‘ржано брашно функционира заедно со телото, а не против него“, вели д-р Валентина Павлова.
Новиот, 100% ’ржан леб, како и сите останати производи на Жито Лукс кои се присутни на пазарот, е со врвен квалитет неприкосновен за компанијата, кој директно произлегува од употребените висококвалитетни и природни состојки како и модерниот производен процес.