Во текот на месец декември, под мотото „Здравје во твои раце!“, Млекара Здравје реализираше бројни добротворни активности. Во основните училишта во Скопје, Куманово, Битола и Струмица, беа донирани над 120.000 јогурти, за сите основци кои учат во овие училишта. „Крајната цел на оваа активност беше младите генерации да го применуваат здравиот начин на исхрана и внесување на здрави намирници во секојдневниот оброк“, велат од Млекара Здравје. Исто така во овој период јогурти беа доставени и до сите дечињата пациенти во Универзитетска Клиника за Детски Болести, во детскиот Институт за белодробни заболувања Козле, како и во Народната кујна Спасение во Ѓорче Петров.