Вива Вишна нектар - нов премиум вкус создаден од највкусните македонски вишни
- Детали
- вторник, 25 декември 2018
Вива Вишна Премиум нектар, направен од внимателно одбрани македонски вишни, е новиот производ во премиум линијата, на нашиот најголем производител на природни овошни сокови, нектари и пијалоци. Новиот премиум вкус е направен од каша од вишни, добиена со најсовремена технологија со која располага Вивакс, која освен што на сокот му дава карактеристична кашеста структура, овозможува и задржување на сите хранливи состојки на вишната.
„Инспирирани од желбите и потребите на потрошувачите, нашата развојна стратегија се базира на постојана инвентивност и креација на нови производи, единствени по вкус и квалитет. Инвестицијата во најсовремена технологија за преработка на овошје, придонесува за високиот квалитет и автентичниот вкус на нашите производи Резултат на ваквата стратегија и примената на најсовремена технологија е новиот Вива Вишна Премиум нектар, направен од домашно македонско овошје, во кој го преточивме нашето знаење, инвентивност и традицијата. Создадовме вкус на сок каков што го помниме од нашето детство. Новиот Премиум вишна нектар е со карактеристична густина, без адитиви и конзерванси, ги содржи сите хранливи состојки на вишната и претставува вистински спој на иновацијата и традицијата.“ - вели Тања Атанасова, еден од управителите на компанијата Вивакс.
Вишната, како овошка се смета за вистински еликсир кој благотворно делува на целиот организам. Таа е богата со витамини (А, Ц и Е), фолна киселина, минерали, (калиум, магнезиум, железо) и хранливи влакна.
Новиот Вива премиум Вишна нектар на Вивакс, единствениот македонски производител со најголем асортиман на природни овошни сокови, е вистински избор за сите оние кои сакаат квалитетен и здрав производ, кој позитивно влијае на целиот организам.
ВИВА - Природно си е природно!