„Daikin“ донираше прочистувачи на воздух на градинки во Скопје, Гостивар и на клиничката болницата во Тетово

Следејќи ја мисијата да им овозможи поздраво и побезгрижно детство на најмладите, компанијата за производство на греење, вентилација и климатизација „Daikin“ донираше прочистувачи на воздух во три градинки во Скопје, Гостивар и во клиничата болницата во Тетово. Избрани според нивото на загаденост на воздухот во реонот каде се лоцирани, прочистувачи добија „Кочо Рацин“ и „Мајски цвет“ во Скопје, “Детска Радост” во Гостивар и болницата во Тетово одделот за гинекологија и акушерство.

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-01.jpg

- Селекцијата на градинките ја направивме според извештаи кои ги добивме од општините за тоа кои делови од овие градови се најзагадени. Планираме да продолжиме со слични активности имајќи предвид дека состојбата со загадувањето е аларматна, а нашата компанија се грижи за здравјето на луѓето, особено на најранливата категорија, децата – велат од менаџерскиот тим на „Daikin“.

Општествената одговорност и грижата за локалната заедница е длабоко втемелена во компаниската практика, а активностите се одвиваат во рамки на добротворната кампања „Daikin за живот“ (Daikin for life) која се реализира низ цела Европа. Ова не е прва донација на компанијата во земјава и регионот.

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-02.jpg

- Минатата година го опремивме одделот за гинекологија и акушерство во болницата во Гостивар со седум клима уреди, кои се поставени во собите каде што се сместени мајките и бебињата. „Daikin“ во Македонија е претставник за брендот и во Албанија и во Косово, така што и таму имавме успешни акции. Во 2016 година во Тирана дониравме средства за проект кој го реализираше UNDP, а стануваше збор за изградба на специјален парк за деца со попреченост – велат од компанијата.

Татковина на „Daikin“ е Јапонија каде што почнува целата приказна, а во моментов брендот е познат по врвниот квалитет по пристапни цени. Daikin Central Europe, чиј дел е Македонија, поседува моќна мрежа од 17 ќерки фирми, четири продажни канцеларии и огромна мрежа независни дистрибутери и контакти за продажба во повеќе од 50 држави низ Европа, Средниот Исток и Африка.

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-03.jpg

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-04.jpg

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-05.jpg

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-06.jpg

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-07.jpg

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-08.jpg

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-09.jpg

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-12.jpg

daikin-donirase-procistuvaci-na-vozduh-na-gradinki-vo-skopje-gostivar-i-na-klinickata-bolnica-vo-tetovo-13.jpg

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр... На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
10 локали во Скопје, совршени за летно освежување со коктели Наместо со грч ладно пиво, зошто од летните горештини да не се освежите со добар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg