РСБСП директно ќе ги едуцира учесниците во сообраќајот

Кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ со активности во осум градови низ Македонија.

rsbso-direktno-ke-gi-educira-ucesnicite-vo-soobrakjajot-001.png

Најновата едукативна кампања на РСБСП „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ која посочува на најчестите изговори што учесниците во сообраќајот  ги користат за да го оправдаат непочитувањето на правилата ќе биде спроведена во осум градови низ Македонија. Целта на активностите од кампањата која првично беше претставена преку билборди поставени на фреквентни места, е  да влијае врз  учесниците во сообраќајот преку директна комуникација и едукација.

Во декември и јануари, РСБСП ќе спроведе активности на фреквентни места во Скопје, Охрид, Гостивар, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип и Гевгелија, кои ќе опфатат директна комуникација со учесниците во сообраќајот и проверка на изговорите што тие ги користат за да го оправдаат непочитувањето на правилата кога се во сообраќај. На овој начин РСБСП сака да ја доближи кампањата директно до учесниците, за непосредно да едуцира и предупреди на опасностите.

Точните датуми и локации на кои ќе се одржат настаните во секој град ќе бидат објавени на Facebook фан страната на РСБСП.

Секој од присутните на настаните ќе има можност да се запознае со важни факти кои одат во прилог на тоа дека не треба да се бараат изговори за непочитувањето на правилата, како и кои се последиците од непочитувањето на правилата. РСБСП обезбеди и пригодни подароци за секој посетител што ќе земе учество во едукативните активности.

Целта на кампањата „Без Изговори“ е да ја подигне свесноста кај сите учесници во сообраќајот преку посочување на најбизарните изговори што ги користат за да ги оправдаат постапките, како и едукација за последиците што можат да настанат од непочитувањето. Најчесто користени изговори се зборување на мобилен телефон, брзање, возење над дозволената брзина и многу други кои можат да завршат со повреди и смрт.

Големиот  број на незгоди, повредени и загинати укажуваат на тоа дека на учесниците во сообраќајот им е неопходна дополнителна едукација за опасностите во сообраќајот и неопходноста од почитување на правилата за сите. Добар показател за ефектот што го имаат континуираните заложби за подигнување на свесноста е намалувањето на сообраќајни незгоди со фатални последици за 10% споредено со минатата година.

РСБСП ве повикува да се придружите на настаните во градовите низ Македонија, за заедно да се едуцираме околу важноста од почитување на правилата. Запомнете, ниту еден изговор не е доволно добар за да се предизвика сообраќајна незгода.

Бидете одговорен учесник во сообраќајот – БЕЗ ИЗГОВОРИ!.

Би можело да ве интересира:

Македонија покажа хуманост на дело: Срценцето на бебето Аника е успешно поправено Мајката на Аника откри дека малото ангелче добро закрепнува по успешно изведенат...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Дарио на кафе со ќерката, синот на Павле Камилоски во носија на Галичка свадба: Што прават македонск... Пејачката Лина Пејовска доби награда „Kraljevski Oskar за најпопуларна пејачка о...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Магија во Скопје - Шоу на олдтајмери со сијалички и празнични украси ги расположи посетителите од це... Автомобили украсени со сијалички, со големи машни, празнични подароци и интересн...
„Скриениот скапоцен камен на Европа“: Според британскиот „Mirror“, Македонија е топ дестинација за 2... „Кога е во прашање туристичката посета на Европа, лесно можете да паднете во сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg