„Бев на Златна бубамара на популарноста 2023, по долги години првпат без Сашко Коцев - како си поминав?“

Се смеев до солзи кога водителите Тино и Атанас кажаа дека Ламбе направил камбек на сцената и буквално ја запалил и кога изјавија дека во поплавениот МНТ нема ајкула, туку тоа е Сашко Коцев кој плива грбно, се ежев додека пееја ДНК, Меморија и Некст Тајм, а салата буквално грмеше, но најтрогната бев од дуетот на Ефто Пупиноски и Блага Петреска – да, такви уметници имаме, кои траат и се гордост македонска, симбол за убавата македонска песна...  И, искрено, бев носталгична по Сашко Коцев, но, очекувањата од домаќините повторно ми беа исполнети. Браво Бубамара!

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-01.jpg

Вчеравечер (16.03) на моменти се смеев до солзи, на моменти ми беше толку топло во душата, на моменти се разбуди патриотот во мене, кого емоции го преплавуваа и гордо гледав каков производ со македонско сонце имаме – нашата манифестација Златна бубамара на популарноста.

Манифестацијата се одржа по 26-ти пат, а тоа е доволен доказ за квалитетот. Но, доказ плус се сите наши и регионални ѕвезди кои ги видовме на сцената.

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-38.jpg

Годинава манифестацијата траеше пократко од лани, односно околу 3 часа и 40 минути (лани беше 4 часа и 40 минути) и тоа ми се допадна.

Сепак, не ми се допадна тоа што како публика уште немаме култура да пристигнуваме точно на време на настани.

Беше малку студено, но за среќа, имаше доброосмислен трик со помош на спонзори, па на секое столче од спортската сала имаше по едно перниче за седење, што придонесе за удобноста.

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-po-dolgi-godini-prvpat-bez-sashko-kocev-kako-si-pominav-001.jpg

Сцената изгледаше буквално светски, одлично осветлување, испишани стихови на песни при настапи, добро озвучување, а ќе беше подобро да има малку поголеми видео бимови, за оние на најоддалечните седишта во салата.

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-16.jpg

Разочарување на вечерта ми беше што Сашко Коцев не се појави на сцената, воопшто, ниту 5 минути, но изненадување ми беше што всушност на крај не бев разочарана од тоа, бидејќи програмата беше така доброосмислена, па се смеев на шегите на домаќините на настанот Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски, кои до лани ги гледавме во улога на заменски, технички водители, а сега како главни.

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-09.jpg

Сега, тие ги имаа своите минути и блеснаа, а на почетокот од настанот традиционално нè поздрави Ранко Петровиќ, па подоцна го видовме и Игор Џамбазов, кој се пошегува дека повторно ја има неговата улога на некролог на настанот, односно ги спомена сите оние кои ги изгубивме во минатата година и тоа врвниот инструменталист и композитор Милан Завков, комичарката Мара Попара, односно актерката Катерина Крстева, и актерот Марин Бабиќ.

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-06.jpg

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-23.jpg

Бендот „Маестро“, односно децата на Милан, како што си ги нарекувал тој самиот, покажаа дека се музички виртуози на сцената во овој блок од манифестацијата.

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-35.jpg

Уште на самиот почеток на тапет беше и Перо Антиќ во публиката, кого го поздравија со изјавата: „Перо е соодветно облечен за пригодата – носи дуксер Сунчане Скале.“

А потоа го споменаа камбекот на сцената на Ламбе Алабаковски со изјави од типот „Ламбе се врати и ја подзапали сцената, а кога Ламбе ќе издаде албум сигурно допрва ќе гори.“

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-02.jpg

Темата на Бубамара беше до 22 часот штедиме, скапа е струјата, а по 22 ќе се опуштиме и со дим и со оркестар, па дури и со аплауз. Инаку, мора да се штеди, па Ранко среќа заштедил на водители бирајќи ги Тино и Атанас, се пошегуваа самите тие.

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-28.jpg

Настанот започна со сеќавање на Нина Спирова и нејзината култна песна „Еден бакнеж“, придружена со балетска изведба, па продолжи со Сара Мејс и Кали, па првата награда за најпопуларен тинејџерски хит, која ја доби Лара Трпческа, ќерката на нашиот виртуоз Симон Трпчески.

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-05.jpg

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-04.jpg

bev-na-zlatna-bubamara-na-popularnosta-2023-sashko-kocev-ne-se-pojavi-kako-si-pominav-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Враќањето на Сашко Коцев и Врчак пречекано со овации - Како си поминавме на Златна Бубамара '24? Сашко Коцев по една година се врати на сцената на „Бубамара“ и откри се сликал з...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Како си поминав на првата „Оскаровска гала вечер“ во Скопје, концерт посветен на филмската музика? Шоуто „го украде“ Ана Петановска, која го остави срцето на сцена додека ги пееше...
Сашко Коцев позира со сопругата, Миа Костова на Занзибар – Македонските јавни личности на одмор Сашко Коцев објави ретка фотка со сопругата од плажа, Татјана Стојановска позира...
„Кога се роди ќерка ми, работев 12 часа и не бев изморен за неа“ – Сашко Коцев искрено за татковство... „Таа точно знае ти колку си заљубен во нејзе и она може да ти прави што сака. Ја...
Кои од познатите личности се родени во Куманово? Дали знаевте дека овие познати личности се родени и детството го поминале во Кум...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg