Ребека со емотивна објава за асистентка на посебни деца: „Ти благодарам Маја што постоиш, со Маркијан беше наш дар“
- Детали
- петок, 24 февруари 2023
Браво Маја! Ваква порака треба да прочитаат сите родители и деца и мило ни е што се споделува вирално. „Повторно се најдов во училишните клупи, повторно асистент на посебно момче, овојпат во средно училиште...“, ја започнува објавата Маја, асистентка на посебни деца, а поддршка ѝ даде и Ребека.
Ребека Јанковска Ристески постојано говори за поддршка на лицата со ретки болести и посебни потреби и за надминување на пречките во нашата држава.
Една од пречките кои постојано ги споменува е тешкотијата во пронаоѓање на соодветен асистент за посебните деца како што е нејзиниот син Маркијан, кој ја има ретката болест туберна склероза.
Но, во еден период од животот тие ја имале Маја како асистентка на Маркијан и сега Ребека отворено вели дека таа им била дар од Бога.
„Ти благодарам Маја што постоиш и што беше со Маркијан и со нас како дар кој ќе го паметиме секогаш!“, напиша пејачката и активистика.
Всушност, таа сподели една многу моќна објава од Маја, која ќе биде поука за многу родители.
Објавата на Маја која почна да се споделува вирално гласи:
„Повторно се најдов во училишните клупи, повторно асистент на посебно момче, овој пат во средно училиште.
Марко е доста интелигентно и вредно момче, има аутистичен спектар и одземен говор. Тој за да го пополни просторот на тишина во кој живее испушта несинхронизирани звуци.
Денес во училишниот двор тема на потсмев беа тие звуци кои за него значат многу во таа тишина и неможност да се изрази вербално. Имам еден апел:
*РОДИТЕЛИ, ВОСПИТУВАЈТЕ СИ ГИ ВАШИТЕ ДЕЦА ДА РАЗВИВААТ ЕМПАТИЈА КОН ДРУГИТЕ!!
*ДЕЦА, МОЖЕБИ ЕДЕН ДЕН ВИЕ ЌЕ СТАНЕТЕ РОДИТЕЛИ НА ЕДНО ПОСЕБНО ДЕТЕ (секогаш тргнувајте од себе)!!
(посакувам - за да научите како треба да се однесувате и да видите тој потсмев колку боли, а не сакам - затоа што тоа дете заслужува подобри родители од вас!!)“
https://www.facebook.com/rebeka.risteski/posts/pfbid02cbPsm7kYq9PMmYA5qQ64gtYSoDSAN3anv6TAWFpAZrQMS2pgoMxPzBCs9gY9jrKVl
С. С. | Црнобело