Миа Костова, по исповедта на Ксенија: „И јас имав две биохемиски бремености на 23-24 години, а на 27 го износев Андрија без проблем“

„Вистината е дека имам две биохемиски бремености пред Андрија, млада на 23-24 години. На 27 Андрија го износев без никаков проблем со здрава бременост, без никаква поддршка од какви било лекарства до 40-та недела...“, споделува Миа Костова.

mia-kostova-po-ksenija-i-jas-imav-dve-biohemiski-bremenosti-na-23-24-godini-a-na-27-go-iznosev-andrija-bez-problem-01.jpg

Ксенија Николова, наша писателка и инфлуенсерка, која веќе извесен период јавно говори за борбата со неплодноста, сега во искрено видео на Инстаграм сподели дека доживеала биохемиска бременост.

Потоа, Миа Костова го сподели ова емотивно видео на Ксенија, па поттикната од него си ја отвори душата.

mia-kostova-po-ksenija-i-jas-imav-dve-biohemiski-bremenosti-na-23-24-godini-a-na-27-go-iznosev-andrija-bez-problem-06.jpg

Таа отворено кажа дека и самата имала две биохемиски бремености.

На Инстаграм Миа напиша:

„Едно видео кое знам дека ќе ви биде кураж на сите жени кои го минувате овој пат. На Ксенија ѝ кажав во инбокс, вас ќе ви кажам тука. Многу верувам во тоа дека сè си има зошто и кога.

Вистината е дека имам две биохемиски бремености пред Андрија, млада на 23-24 години.

mia-kostova-po-ksenija-i-jas-imav-dve-biohemiski-bremenosti-na-23-24-godini-a-na-27-go-iznosev-andrija-bez-problem-05.jpg

На 27 Андрија го износев без никаков проблем со здрава бременост, без никаква поддршка од какви било лекарства до 40-та недела и бебе од 4 ипол килограми.

mia-kostova-po-ksenija-i-jas-imav-dve-biohemiski-bremenosti-na-23-24-godini-a-na-27-go-iznosev-andrija-bez-problem-04.jpg

Немојте да „паѓате“ и верувајте дека доаѓа вистинското бебе во вистинско време.“

mia-kostova-po-ksenija-i-jas-imav-dve-biohemiski-bremenosti-na-23-24-godini-a-na-27-go-iznosev-andrija-bez-problem-02.jpg

Прочитајте и Ксенија Николова со емотивна исповед: „Бев бремена и за неколку дена се загуби тоа што се нарекуваше бременост“

С. С | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Миа Костова со брутално видео за убавината: „Не се печете во солариум и не носете вештачки трепки - ... „Сум носела надградба на коса, ама сега страшно ми изгледа. Ај што некој им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg