Филип од Велес помага на дечиња во Африка - дочекан со македонско знаме, спие во шатор среде „џунгла“ (фото)
Минатата година земавме и соларни панели да имаат осветлување. Сега ќе купиме додатни клупи, училишни материјали и храна, а се надеваме да ги поставиме темелите и за нови три училници.
Веќе знаете, од нелицемерна и чиста благодарност луѓето овде го нарекоа нашиот потфат „Македонско-Афричка Боженствена Организација“, а македонското знаме го веат со поголема радост од мнозина од нас кои Македонија ја нарекуваме дом и татковина.
Благодарност до сите цркви и поединци кои посеале семе на иднина и надеж во ова место и во овие дечиња, зашто навистина сметам дека не сме целосно свесни колку многу сме придонеле за животите на стотици и стотици деца овде... Нека е слава на Христа Бога за сè!“
Прочитајте и Инспиративен лик: Филип Иванов – пастор во Велес, голем хуманитарец и вљубеник во природа, кој оди на служба и во Африка
С. С. | Црнобело