Беше една од најпопуларните македонски пејачки - Каде е и што прави денес Елена Петреска?
- Детали
- недела, 12 февруари 2023
Ја знаеме уште од „Симни ми ѕвезди“ и „Маска“ и оттогаш поминаа многу години – што прави денес пејачката Елена Петреска?
Елена Петреска (42) која многу години работи како пејачка на нашата естрада, секогаш остава впечаток на дотерана жена со модерен стил, а низ годините таа го промени имиџот и изгледот.
Со специфичен глас, таа е една од најдобрите вокали на македонската сцена која ни даде хитови кои се слушаат и денес.
Денес Елена е мајка и сопруга и живее со своето семејство во Скопје, со својот сопруг и двете деца.
Таа е музички образована и работи во Македонската опера и балет, но и често прави свирки низ Македонија со нејзини постари и странски хитови.
Нејзините почетоци биле мошне тешки, па во една прилика има изјавено како се борела финансиски во времето кога била студентка и дека морала да позајми пари за да дојде со автобус во Скопје за да студира на Музичката академија.
Таа имаше успешна музичка кариера. Испеа повеќе нејзини песни, учествуваше на повеќе фестивали, а ќе ја помниме и по изведбата на песните: „Маска“, „Симни ми ѕвезди“, „Сѐ на свое место“, „Љубов лажлива“ и голем број други нумери.
Иако денес не снима нови песни и не настапува по фестивали, таа е посветена на класичната музика.