„Семејството е сè“ - Прв роденден на девојче од Македонија, со рачни изработки од нејзината мајка и тетка (фото)
Лили на роденденот најмногу им се радуваше на децата, дување на свеќичката, блиските роднини и пријатели, на колачињата и играчките наменети за момчиња и за девојчиња, шноли, стегачи, венчиња, прстени и украси во повеќе бои.
Мора да напоменам дека мојата сестра Сања е уметничка душа, која што се занимава со цртање на портрети, платна, ѕидови, кроење и шиење, истражување на лековити растенија во природата...
Таа вели дека народот во овие времиња е многу оддалечен од природата, а брзиот начин на животот предизвикува многу тешки болести, затоа порачува да се свртиме сите колку можеме повеќе кон природата и да го најдеме патот кон лековитите растенија, бидејќи лекот е во природата.
Најсреќниот момент заедно со мојот сопруг Зоран Павлов (31), кој е фудбалер и игра за клубот „Црна Река“ од Кавадарци, ни беше раѓањето на нашата ќерка и враќањето од болницата дома каде што цело наше семејство нѐ пречека со многу радост и љубов, што за нас значи двојна среќа.
Па, така во домот имавме рачно изработени декорации и за пристигнувањето на Лили дома, по породувањето, и за крштевката на Лили и во сите славенички мигови.
Богатството, брендираната гардероба, гламурот и сјајот нема да направат од нас подобри и посреќни луѓе.
Можеби за миг ќе почувствуваме возбуда и трепет, но дефинитивно среќата не доаѓа толку едноставно. Среќата извира од секојдневните ситни работи, среќата доаѓа со насмевката на лицата кои ти значат, среќата се создава.