Јован Јованов ужива во Португалија, Миа Костова во одбрана на Антониа Гиговска: Што прават македонските ѕвезди на Инстаграм деновиве?
- Детали
- понеделник, 23 јануари 2023
По низата измешани коментари на социјалните мрежи по веста за бременоста и свршувачката на Антониа Гиговска, таа сподели објава за поддршка која за неа ја напиша Миа Костова. Водителката за хејтерите вели „Гнасни сте и не се трпите“. На ова Антониа кратко прокоментира: „Мајка ми постојано ми вели дека мајка издржува сè“ и го објави спотот за новата песна „Хабиби“, дует со младиот музичар Пајак.
Антониа Гиговска викендов сподели прекрасна вест дека е бремена, а и дека на својот 22-ри роденден добила свршенички прстен од својот избраник музичарот Роберт Спасенцовски.
На социјалните мрежи покрај низата честитки, имаше секаков тип на коментари и гласини, на што се огласи Миа Костова. Нејзината објава ја сподели и Антониа.
Објавата на Миа Костова:
„Денес со прво кафе ги читам порталиве, коментариве и сите болести кои ви излегуваат на површина по повод една убава вест каква што е бременоста на Антониа Гиговска.
Си велам каква среќа имав пред 11 години кога останав бремена немаше портали вака, а богами немаше ни активен Инстаграм, инаку сигурно во состојбата во која бев во најмала рака ќе пиев апчиња за смирување.
Вас Господ не ви помага, а не кампањи против говор на омраза. Чудо е како сами се трпите така гнасни и несреќни.“
Александар Белов пак, со сопругата го прослави првиот роденден не ќеркичката, а Јован Јованов ужива на патување во Португалија.