Каролина Гочева во 2 аутфити за новогодишна програма - со Елена Ристеска се посекси од кога било
- Детали
- четврток, 29 декември 2022
Од црн комбинезон со длабоко деколте до сребрени панталони со „шљокици“, надополнето со совршена волуменозна фризура со ретро бранови, Каролина Гочева блесна во празнично издание за своето 90-минутно шоу на МРТ1.
Каролина Гочева, по концертниот маратон, повторно ја гледаме во елегантно издание, но со доза на сексапил, овојпат на снимање на свое шоу за новогодишната ноќ.
Таа сними 90-минутна новогодишна програма за МРТ, која ќе се емитува на 31-ви декември, а за оваа пригода се појави во светкави широки панталони со црн топ и со црн комбинезон со длабоко деколте.
Во нејзиното музичко шоу гостуваше и Елена Ристеска која се појави во кусо фустанче и, како и Каролина, изгледаше посекси од кога било.
Објавата на Каролина:
„Многу се радувам што можам да ви кажам дека оваа година сакав да прославам заедно со сите вас и поради тоа, на Нова Година ќе пеам само на МРТ1.
На 31-ви декември, со почеток од 21 часот ќе имам свое 90 минутно шоу на кое како специјални гости ќе се појават и моите драги колеги и пријатели Елена Ристеска, Лара Иванова, Влатко Лозаноски Лозано, Пијан Славеј и Teen Camp Official.
Се гледаме на 31ви декември на МРТ1.“
С. С. | Црнобело / фото: Стефан Рајхл