„Ти благодарам 2022“ - Миа Костова на празнична прошетка во француското гратче Колмар со Тијана и синот Андрија
- Детали
- среда, 28 декември 2022
„Мојата мисија на светот е остварена со него покрај мене. Само тоа сакам секоја следна година. Да е тука, вака насмеан“, Миа Костова со емотивна објава за синот, за време на празничното патување со него и пријателката Тијана.
Миа Костова декември го користи за прошетка на божиќни пазари. Таа по истражувањето на Базел, Швајцарија, го посети француското гратче Колмар, кое секоја година е сцена од празнична бајка.
Со шарените куќи, каналите, многуте мечиња и елки, и годинава Колмар блеска во најубавиот период од годината.
Миа е таму со нејзината пријателка Тијана и синот Андрија.
За него на Инстаграм со фотките од Колмар напиша:
„Никогаш не очекувам ништо од Новата. Мојата мисија на светот е остварена со него покрај мене. Само тоа сакам секоја следна. Да е тука, вака насмеан.
Ти благодарам 2022 што не ни зеде никој, а ни даде навистина многу.“
Фотографии и видеа од Колмар:
С. С. | Црнобело