Миа Костова, за фотката на Кјара Ферањи во танга: „Некоја наша девојка да се слика вака ќе биде – срамота, мајка на две деца, преслаба“
- Детали
- вторник, 27 декември 2022
„Некоја наша девојка да извади ваква слика ќе биде – Наказа, преслаба, желна за внимание, срамота – мајка на две деца, а он сељак, бланиширан, кепец и така. Ама не е наша, туку е Кјара, па има половина милион лајкови“, коментира Миа Костова по смелите фотографии на најпознатата италијанска инфлуенсерка.
Италијанската инфлуенсерка и дизајнерка Кјара Ферањи празничниот период го минува со семејството на планина, од каде направи фотографии во долна облека со сопругот на снег.
Кјара и музичарот Федез смело позираа - таа е во танга, а тој ја допира за задникот на една од фотографиите.
Токму овие фотографии ги прокоментира Миа Костова.
„Некоја наша девојка да извади ваква слика ќе биде – Наказа, преслаба, желна за внимание, срамота – мајка на две деца, а он сељак, бланиширан, кепец и така.
Ама не е наша, туку е Кјара, па има половина милион лајкови.“
Повеќе фотографии и видеа од одморот на Кјара и Федез:
С. С. | Црнобело