Билјана Дебарлиева блесна на 50-тиот роденден: „Сопругот ми организираше буквално сè, а ми приреди и изненадување“
- Детали
- понеделник, 26 декември 2022
„Мојот сопруг организираше буквално сè, за роденденската забава да биде онаква како што посакував и си ја замислував. Ова беше 50-ти јубилеен роденден кој ќе ми остане во убаво сеќавање. Сопругот ми направил и едно изненадување, 7-минутно видео...“, споделува Билјана Дебарлиева за CRNOBELO.com, која беше поим за елеганција и дамски изглед на прославата по повод нејзиниот 50-ти роденден.
Билјана Дебарлиева, едно од нашите најпознати и најубави ТВ лица, го прослави својот 50-ти роденден во етно ресторан во близина на Скопје со 50-тина гости.
Во оваа пригода таа блесна во розов стајлинг, а свеќичките ги дувна на прекрасна торта со цветови.
Во разговор за CRNOBELO.com таа откри дека целата забава била испланирана од страна на нејзиниот сопруг.
За роденденската прослава Билјана вели:
„Роденденот ми беше на 19-ти декември, на Св. Никола, ама бидејќи е празник кој го слават многу семејства, па и голем дел од нашите пријатели, нема да можев да ги соберам на тој ден, со сопругот одлучивме да ја направиме роденденската прослава неколку дена подоцна.
Да бидам искрена, сакав да биде поинаков, бидејќи е 50-ти, јубилеен, ама како се ближеше роденденот, почнав некако да се премислувам, размислувајќи да го одбележам во потесен круг со семејството.
Но, преовлада големата желба на сопругот, кој организираше буквално сè, за роденденската забава да биде онаква како што посакував и си ја замислував.
Забавата беше во eден етно ресторан во близина на Скопје, имавме 50-тина гости и поминавме една навистина прекрасна вечер со музика, песна и добро вино.
50-ти, јубилеен роденден кој ќе ми остане во убаво сеќавање.
Сопругот ми направил и едно изненадување, 7-минутно видео со фотографии од убави и важни моменти и приватно и професионално од моите изминати 50 години, буквално од детството, тинејџерските години, па сè до ден денес. Го правел без да знам јас, за да биде изненадување, и навистина беше и за мене и за сите што беа на прославата.
Навистина ќе го паметам овој роденден, прекрасно беше.“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
фото: приватна архива споделена за CRNOBELO.com