„Татко ми ми рече дека тој свет е подмолен“: Елена Ристеска со емотивна објава 20 години по победата на М2

„Кога дознаа дека сум влегла во 100-те полуфиналисти, татко ми ми рече: Елена тој свет е подмолен и сè е наместено, немој да се разочараш“, открива пејачката во емотивната објава по повод 20-тата годишнина од нејзината победа на М2 Потрага по ѕвезда.

20-godini-otkako-elena-risteska-pobedi-na-m2-moite-ne-znaeja-deka-sum-prijavena-a-potoa-mi-rekoa-deka-kje-se-razocharam-01.jpg

Пред точно 20 години, Елена Ристеска победи на шоуто М2 Потрага по ѕвезда и не помина долго пред да стане најпопуларната пејачка во Македонија.

По повод 20-тата годишнина, пејачката сподели неколку фотки и инсерти од нејзините музички спотови и настапи, а во описот откри колку ѝ се променил животот по победата.

„На овој ден, 22.12.2002 год. или точно 20 години откако „девојчето со чорапчињата“ победи на аудицијата „М2 Потрага по ѕвезда“ на М2 продукција, основана од Иво Јанкоски и Дарко Димитров, на кои и ден денес сум им благодарна за шансата која ми ја дадоа да започнам своја музичка кариера и да може публиката да ме чуе и запознае.

Од 2000 кандидати успеав да влезам во 100-те финалисти пеејќи песна од мојата драга другарка Каролина Гочева од која исечок можете да слушнете на следна страна (на стрелките на Инстаграм линкот).

Потоа, бев една од 10-те финалисти на финалето на М2, каде сите пеевме своја песна и каде победив со мојата прва песна „Она другото“ (второто видео). Токму од тој момент мојот живот од анонимен стана јавен и целосно се промени.

Започнаа да се редат песни, спотови, албуми, концерти, насловни страни, интервјуа, ТВ и радио гостувања, настапи низ цела држава и пошироко, фестивали, Евровизија во 2006-тата, турнеи низ светот итн.

И најдрагото нешто од сето тоа ми е што стекнав свои обожаватели, кои и ден денес се тука за мене. А благодарение на Бог кој ми го дал гласот, јас 20 години за нив пеам и постојам.

20-godini-otkako-elena-risteska-pobedi-na-m2-moite-ne-znaeja-deka-sum-prijavena-a-potoa-mi-rekoa-deka-kje-se-razocharam-02.jpg

Паметам и ден денес дека моите не знаеја дека сум пријавена на некаква аудиција, единствено сестра ми која ми е и ден денес најголема поддршка.

Кога дознаа дека сум влегла во 100-те полуфиналисти татко ми ми рече: „Елена тој свет е подмолен и сè е наместено, немој да се разочараш. Јас му одговорив: „Тато, само сакам да си докажам на себе дека можам, не ми е важно ништо повеќе“.

Кога победив моето семејство беше шокирано, а нивното „малецко“ успеа да докаже дека може. Низ сите овие години, покрај сестра ми и татко ми кој ме поддржува од „таму некаде“, мојата најдрага мајка Деса го посвети својот живот да ми помага во животот и кариерата, без која немаше да постигнам ништо.

Внука ми Делфи е мојот нов фан и се надевам дека ќе ме наследи еден ден.

И после 20 години, јас сум истата Елена, иако многу нешта се променија. Иста е мојата љубов кон ВАС и кон музиката. ВЕ САКАМ“.

20-godini-otkako-elena-risteska-pobedi-na-m2-moite-ne-znaeja-deka-sum-prijavena-a-potoa-mi-rekoa-deka-kje-se-razocharam-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg