Да ги поддржиме Лара, Ирина и Јован на Детска Евровизија 2022 - Гласањето е бесплатно и веќе е во тек!
- Детали
- недела, 11 декември 2022
Попладнево во 15.59 часот завршува гласањето за победникот на Детската Евровизија 2022. Гласањето е бесплатно, а погледнете како можете да ги поддржите нашите претставници и да им помогнете да постигнат што е можно подобри резулатити.
Веќе е во тек гласањето за победник на Детската Евровизија. Треба да изберете 3 омилени песни, но исто така можете да гласате и за сопствената држава.
Гласањето е бесплатно, а од еден уред можете тоа да го направите безброј пати. Сè што треба да направите е да ја посетите веб страната www.jesc.tv да го изгледате краткиот преглед на годинешните претставници, кој трае околу 4 минути и да гласате за трите земји што најмногу ви оставија впечаток.
Преносот од Детската Евровизија 2022 ќе имате можност да го проследите и на програмата на МРТ со почеток од 16.00 часот попладне, а за Лара, Ирена и Јован ќе можете да гласате и 15 минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истата веб страна.
Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50% од вкупните бодови) и поените од професионалните жирија (50% од вкупните бодови)!
За потсетување, годинава Детска Евровизија 2022 се оддржува во Eреван, Ерменија, а наши претставници се ќерката на нашиот виртуоз на пијано Симон Трпчески, Лара, како и Ирина и Јован.
Тие на сцената во Јереван ќе ја изведат песната „Животот пред мене“.
Погледнете го спотот за песната:
Прочитајте и Фотки од првата проба на Лара, Јован и Ирина на Детската Евровизија 2022 во Ерменија
Б. С. Б. | Црнобело